Децата заедно со своите учителки изминатиот период вредно учеа, играа, танцуваа и пееа... но направија и еколошка акција за збогатување на дворот на градинката, односно ја збогатија и разубавија со садници - донација од родителите, кои ги посадија самите и за кои во иднина и ќе се грижат. За успехот на оваа акција упатуваме голема благодарност кон сите оние кои ни помогнаа еко-акцијата да биде успешна!