Децата од групата Ѕвездички на возраст од 4-5 години, од објект Парк преку моделирање со пластелин се оспособуваа за фокусирано набљудување, забележување на изгледот, формата и другите детали на шумските животни.
Целта на активноста беше поттикнување на интересот и развивање на способноста за моделирање со пластелин, развивање на ситната мускулатура на раката и координација око-рака, негување на индивидуалниот ликовен израз и творештво.