Книгата пријател на детето 2019
Пет, 22/2/2019
Во библиотеката „Другарче“, на 22.02.2019 година се одржа првата едукативна работилница од проектот „Книгата пријател на детето“. Децата од градинката „Орце Николов“ - Скопје со наставничките Наташа Тодоровска и Зорица Јаневска изработија книги со цртежи од нивните омилени сликовници.













