Како што претходно ветија, децата од големите групи и нивните воспитувачки од Матичниот објект реализираа есенска акција во дворот на градинката за засадување на цвеќето подарено од Божиновски Божиновски. Со весели насмевки, со детскиот градинарски алат, а најважно од се со голема желба,тие излегоа во дворот за да ги насадат сезонските садници. Цвеќињата ќе го красат дворот, а децата ќе ги залеваат и негуваат со секое излегување на игра во истиот, со пораката: „Растете дечиња, како лични цвеќиња, весели да бидете, крај цвеќе штом минете, весели насмеани, ведри и распеани...“