Нашата градинка за својот 70 – годишен јубилеј доби специјален подарок - три анимации насловени како: „ИЗМЕШАНИ“, „ДОБРА НОЌ“ и „ЧЕВЛИТЕ НА СТОНОГАЛКАТА“. Истите се видео-анимации во техники на стоп-кадар и динамичен-кадар кои беа креирани во тек на соработката на градинката со СУГС „Јосип Броз Тито“. Изработени се во целост од ученици од трета и четврта година кои посетуваат настава на Диплома програма на меѓународна матура при истата гимназија, како дел од КАС програмата под менторство на професотката м-р Ангелина Дамјаноска Наумоска.
Видеата на големо задоволство на сите кои работеа на наивно креирање, во текот на вчерашниот ден, во салата на објектот Парк беа промовирани пред Градоначалникот на Општина Центар, претставници од Општина Центар и Град Скопје, но и пред дел од вработените на установата.
Воедно и јавно им се заблагодаруваме на учениците-автори и секако на нивниот ментор:
Автори на „Измешани“: Катерина Алексова, Нино Јовановски, Калина Качоровска и Мартина Јанева
Автори на „Добра ноќ“: Анастасија Ѓорѓиеска, Елена Тодорова, Надица Крстева
Автори на „Чевлите на стонногалката“: Мартина Стоева, Ангела Митревска, Ангела Настовска, Дина Јовевска, Марија Блажевска, Анастасија Стојковска, Дарко Стојчев, Александар Зафировски и Јулијана Чунгурски
Повелете погледнете го и вие овој подарок за нашата градинка!