Градинка „13 Ноември“- клон Јасмин
Група „Срнички“
Воспитувач – Марија Галевска
Неговател – Анета Милановска
Генерација 2020/2021
“Среќно првачиња“
Приказната започна пред пет години, кога како срнички бевме сполотени, учителките наши ни подадоа рака и не учеа секој со секого да се сака.
Дните ни поминуваа со игри и песни, убави насмевки, безгрижни и лесни. Криенки и брканици игравме често, но кога ќе се седнеше на ручек секој си го знаеше своето место. Во дворот сите заедно трчавме и игравме под дебелата сенка.
Најдобри „Срнички“ бевме ние, но ете дојде и тој час, разделбата не чека сите нас.
Збогум градинке, учителки мили, во училиште продолжуваме со нови сили!!!