Децата од групата „Цветчиња“ на возраст од 5 до 6 години, од објектот „Јасмин“, преку набљудување на пролетни слики, разговор и опишување, се потсетија на карактеристиките на годишното време пролет и неговите убавини. Потоа, во ликовниот центар, преку комбинирана техника: сликање и печатење, децата ги усовршија вештините за правилно користење на ликовните материјали потребни за работа. Убаво ја извежбаа и координацијата „око-рака“, која им помага во правилното развивање на фината моторика на нивните дланки и прсти.
Децата покажаа големо задоволство бидејќи стекнаа нови способности и изразија мошне позитивни емоции кон ликовната уметност која ги поттикна на уште поголема љубопитност и креативност.